Докторка од Кавадарци, која работела во друг град во државава, е новиот позитивен случај на КОВИД-19. Таа е со лесна клиничка слика и е на домашно лекување.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА изутринава изјави дека се работи на утврдување на нејзините контакти, со цел нивна изолација.

Од почетокот на епидемијата досега, во Кавадарци заболеа 32 лица, во Росоман едно, Неготино 12, а во Демир Капија 10 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.