Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари правдата ќе ја бараат на Уставен суд. Во документот кој го објавија на Фејсбук е наведено дека покренуваат иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на подзаконски правен акт.

Бараат да се оцени уставноста на владината одлука со која „Се забранува користење на годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор“.

Според нив срамота е тоа што некои лекари се оставени без одмор во пандемија што трае над 1 година, а тие се први на удар, додека други се позаслужни граѓани.

-Срамота е што лекари дежураат без пари во сред пандемија, што немаат здравствено и социјално осигурување а пратениците си земаат плата и надоместоци и не одат да изгласаат промена на таквата состојба. Срамота е што лекари акумулираат функции и што молчат за неправдата кон лекарите. Срамота е што нашата Лекарска Комора не ги заштити матичните лекари. Дури ниту се заложи за нивна заштитна опрема. Срамота е што колеги работат против колеги, а уште посрамота е што работат и против медицината базирана на докази и никој не сносува одговорност. Срамота е што немаме вакцини, ниту јасни протоколи, што нема клексани, што се трошат антибиотици како слатки. Срамота е што во 30 години независност немаме Клинички центар и централизирана терциерна заштита и едукација. Здравствениот систем мора да се реорганизира и мора да се вложи во него за да стане одржлив за сите, велат од АСМЛ.

Срамота е тоа што некои лекари се оставени без одмор во пандемија што трае над 1 година а тие се први на удар, додека…

Posted by Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ on Friday, 19 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.