Ударот врз здравствениот систем кој го предизвика корона пандемијата кај нас допрва доаѓа. Новиот бран што ја „тресе“ Македонија забрзано ги полни болниците. Доктори сведочат оти во болниците се повеќе има наплив на пациенти со тешки симптоми на болеста кои бараат итна хоспитализација.

Во Ковид центарот на ГОБ „8 Септември“ секојдневно се примаат по дваесетина пациенти. Таму веќе имало и недостиг на респиратори.

Во моментов можам да кажам дека сме комплетно блокирани како болница, пред два дена бевме принудени да отвориме и петти оддел за којшто сакавме да го отвориме бидејќи навистина веќе немавме место, се судруваме со огромен проблем со асистирана вентилација, затоа што пациентите ни доаѓаат во најтешка можна состојба.

Верувајте дека веќе немаме место и за машини, пребукирани сме и со болни, затоа што не е само потребата од кревети да имаме, ние имаме потреба секако и од персонал. Персоналот ни е преморен.

Имам молба до граѓаните, прво да се заштитат самите себе си прво да се заштитите себе си, а потоа и нас, затоа што целиот здравствен персонал, зборувам на општо ниво, во целата наша држава е веќе на колена“, вели доктор Патриција Каламарас, шеф на Инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“ за Алфа ТВ.

 

И болничките капацитети на Инфективната клиника се речиси исполнети. Од 110 кревети, дури 93 се зафатени. Во последното деноноќие на оваа Клиника биле примени 16 нови пациенти. Од Министерството за здравство велат оти инфективната клиника на располагање ги има и 72-те легла во монтажната болница на Брако, која остана да служи како тријажен центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.