Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хисни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Трајан Димковски досега беше шеф на кабинет на досегашниот министер за земјоделстов Љупчо Николовски.

Нуредини е инвестициски банкар и финансиски советник за банкарство во Лондон и во Виена.

Досегашниот министер за животна средина Садула Дураки го запознавме само кога за новинарите кажа дека нема потреба да кажува ништо.

Како што веќе објавивме деновиве, во Министерството за култура влегува доктор.

Горан Милевски е пратеник од ЛДП, кој за среќа не е поставен на местото на Венко Филипче.

Обврската Министер за финансии ќе ја преземе лично Заев, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

Разрешени се вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима Зоран Шапуриќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.