Детскиот кардиохирург, Владимир Чадиковски, соопшти дека се откажал од примање на вакцина затоа што прележал Ковид-19 и ќе имал антитела уште неколку месеци.

Истовремено, д-р Чадиковски апелира сите што имаат антитела против Ковид да ја дадат вакцината на граѓани на кои име е повеќе попотребна.

Прележав Ковид во Јануари со силна клиничка слика, имам доволно антитела, а денес требаше да се вакцинирам. Не се вакцинирав затоа што можам уште неколку месеци да бидам заштитен. Предајте ја вакцината на некој што нема антитела ако сте во иста ситуација, имате стекнат имунитет 4-6 месеци – порача д-р Чадиковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.