Пулмологот д-р Марјан Баловски вели дека Делта сојот е ризик за младите на возраст од 18 до 30 години. Тој во гостувањето на ТВ 24 рече дека симптомите на оваа варијанта се поинакви, но само на почеток, а потоа состојбата драматично се влошуваа.
Тој како пулмолог рече дека е неблагодарно да прогнозира кога ќе биде пикот на четвртиот бран, но додаде дека треба да се подготвиме за ламбда сојот кој се очекува да го има и во земјата.
Се работи за тројна мутација. Постои, кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење на животи, истакна докторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.