Откако министерот за надворешни работи, кадар на ДУИ, Бујар Османи, изјави дека Резолуцијата која денеска ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, не е одбиена, туку е укажано дека додека не се постигне согласност нема да добие поддршка од ДУИ, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа поради блокадата од страна на Бугарија на европскиот пат на Македонија и лошото водење на преговорите од страна на СДСМ и ДУИ, за кои протекуваа информации дека задираат во националните темели. Резолуцијата е потребна за сигурност на граѓаните, затоа што на владата која ја интересира само криминал и личен интерес не може да и се верува. После таков дебакл со европскиот пат на Македонија, Владата чиј министер е Османи треба да си даде колективна оставка. Што се однесува за резолуцијата е одраз на ставот на целата јавност, МАНУ, УКИМ, МПЦ ОА, и други релевантни чинители. Доколку Бујар Османи е искрен во своето политичко делување на поле преговори со Бугарија, тој не треба да има никаков проблем со Резолуцијата, бидејќи таа е потсетник за владата преку што не смее да помине – велат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.