Во соопштение до јавноста ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешните премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски се истурени играчи на Заев.

Бучковски кажа дека тезите на Георгиевски за обезличување на Македонија вреди да се разговараат. Бучковски го подржува Георгиевски, а Бучковски е повереник на владата за спорот ао Бугарија. Ставот на Бучковски е и став на Заев, пишува во соопштението.

Заев, Бучковски и Георгиевски имаат за цел да го избришат македонскиот народ и да го престават како нова творба, велат од ВМРо-ДПМНЕ.

Заев, Бучковски и Георгиевски молчат на сите провокации и мешања во внатрешните работи на Бугарија во Македонија. Заев, Бучковски и Георгиевски се причината поради која Бугарија се чувствува комотна да ја понижува Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.