Дека има проблем со вакцинацијата против Ковид 19, потврдува и денешниот случај на една жителка на Скопје. Имено, таа имала закажан термин за ревакцинација во Поликлиниката Букурешт. Кога отишла таму, просториите каде се врши вакцинацијата биле затворени и немало никој присутен таму кој би и дал информација што да прави понатаму и како да ја заврши ревакцинацијата.

Жената и нејзините блиски кои дошле со неа, тргнале да се распрашаат што се случува и што треба да се прави, но немале ниту кого да прашаат. По ходниците на поликлиниката штама.Ни движење, ни луѓе.

Забележувајќи ја нивната раздвиженост и вознемиреност и потрагата по одговори, доктор од другата страна на поликлиниката им довикнал дека таму нема никој и дека нема вакцини. Воедно ги упатил утре да дојдат во 8часот наутро, за да им кажат што да прават.

Без никаква информација, граѓаните се во целосен информативен мрак. Овојпат на штета на нивното здравје. Она што со денови се зборува дека нема вакцини и дека опаѓа трендот на вакцинација, со овој пример целосно се потврдува. И не е само еден случај. Којзнае колку луѓе, како оваа жена, веројатно се судриле со ѕидот на молк од страна на надлежните во медицинските установи. Кога веќе има проблем, зарем не е нормално, да се јават од службата за вакцинација и да ги известат граѓаните дека нема вакцини, да ги поштедат од непотребна посета на вакциналните пунктови. Или барем со ливче залепено на врата, дека вакцинацијата се одлага, да ги информира граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.