Македонија е исправена пред голема крстосница и цврсто верувам дека ќе се избере вистинскиот пат. На Македонија и треба претседателка. Дојде тоа време кога ваква цврста жена како професорката Силјаноска ќе ја штити правдата и интересите на дравата. Претседателка која ќе се стави на страната правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции. Претседателка која ќе биде баланс на властите, ќе се бори за еколошките прашања. Ќе работи на укинување на привелегиите на власта. Претседателка која ќе биде вашиот глас во политиката, изјави лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на денешната годишна конференција на Унијата на жени.
Според него, претстојат денови на борба, а целта е победа по секоја цена.
Драги пријатели, Черчил соочен со предизвикот на својот живот кажал, пред нас стои ништо друго освен многу тешко искушение. Драги пријатели ни престојат многу денови на борба. Прашувате која е нашата политикаа? Велам да се бориме против деспотизмот која е ненадминат во тешкиот и жалосен католог на нечовечки дела и злодела.
Прашувате која е нашата цел – Ќе ви одговорам со еден збор- ПОБЕДА! Победа на правдата по секоја цена, победа и покрај сите неправи и ужаси. Победа без разлика на тоа колку тежок ќе биде патот пред нас, бидејќи без победа нема опсанок.
Денес тргнуваме кон победата. Ќе победиме силно. Ќе победиме уверливо. Македонија мора да ја кренеме на нозе со гордо крената глава. Да се избориме за нашата заедника среќа и да ја вратиме нашата татковина назад. Нашите срца чукаат за Македонија. Да сте живи и здрави Да живее самостојна и суверена Република Македонија Да живее ВМРО-ДПМНЕ и Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, заврши Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.