Чукна часот, дојде денот, мигот кога секој од вас треба да ги преземе работите во своите раце, да излезе и да гласа, за својот дом, за своето семејство, за заедничката иднина. Македонија овој пат се брани со гласачко ливче, на 21 април и потоа и на 5 мај, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот централен митинг во Скопје пред овогодинешните претседателски избори.

Како што подвлече Мицкоски, оваа власт ги разниша темелите на нашата држава, а право и обврска на народот е да му стават крај и да му се спротистават на ова рушење.
Затоа што ова не се обични избори. Затоа што оваа власт удри по темелите на нашата заедничка куќа, по нашиот дом, почна да руши дел по дел од она што со генерации беше градено. Сруши еден темел, нагриза друг, почна со рушење на дневната соба, ги разниша гредите, а кровот, кровот кога тогаш ќе падне без сето ова. Во меѓувреме ни велат седете внатре безбедни сте, иако сите добро знаете дека не е така. Затоа добри луѓе ова мора да престане. Мора да се спротивставиме на ова рушење, зошто ни го одземаат нашиот дом, кој не е само наше право туку и наша обврска. Затоа овој пат Македонија се брани на овие избори со гласачко ливче, рече Мицкоски пред големиот број граѓани и додаде:

Оваа кампања го потврди сето она што го говоревме за Заевизмот, за црнилата кои тој Заевизам ни ги донесе. До таму дојде работата што истрчаа на избори без визија, на нивните митинзи освен по некоја нарачана фалба, тук – там некоја поетска изведба и лош хумор од Пендаровски Стево нема да чуете ништо конкретно. Па тоа е потценување на сопствениот народ. Да го видите на билборди со онаа насмевка, и со позадина на народ кој е затемен , со заматени лица, бидејќи Пендаровски Стево по примерот на тој кој го номинираше Зоран Заев бил најважен, сето друго е помалку важно.
Од Пендаровски наместо визија ќе чуете бачила, сурати, пред очи да не му излегувале луѓето ако не победел,па луѓето ги нарекува со оној збор којшто ми е непријатно и да го споменам овде, а од Заев што можеме да слушнеме ново, се изнаслушавме, нема што ново да слушаме. Освен некоја неразбирлива дилема, како на пример онаа, дали мрчењето бил збор на македонски или струмички, демек едното е поразлично од другото, а кога ќе помине сето тоа ќе удри по некоја песна, на некој лош англиски на плоштадите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.