Претставаниците на ДУИ од победничките зони на локалните избори ќе побараат соодветна застапеност во владиниот кабинет. Заменик-претседателот на ДУИ, Изет Меџити за „Алсат“ вели дека е задоволен од застапеноста на Скопје во извршната власт, но вели дека може да биде уште подобро. Меџити додава дека во партиските органи ќе се разговара за ефикасноста на владиниот кабинет.

Во однос на бројките и квантитативниот аспект и сега вклучувањето на Скопје во владиниот кабинет не е лошо, но секогаш може да биде уште подобро. Во партијата ќе има дебата и за квантитативниот и за квалитативниот аспект за најдобра застапеност на ДУИ во Влада, вели Меџити.

Досега не е разговарано за промена на други ресори. Покрај Информатичкото општество со земјоделството, ДУИ очекува по конечната одлука за датумот на преговори да се разговара и за судбината на претставници во владиниот кабинет и за евентуалната промена на ресорите. Меџити очекува новиот премиер да го почитува договорот за албански премиер.

Немавме време да навлеземе во конкретни ресори, да ја анализираме нивната работа и дали има потреба да ги менуваме. Треба да видиме како ќе заврши овој процес. Една од главните точки во договорот ДУИ-СДСМ, меѓу другите сегменти, е и првиот албански премиер и не се сомневам дека тоа ќе биде тема и со следниот премиер, вели Меџити.

На локалните избори во октомври ДУИ освои 11 општини. Победи во Чаир и Сарај, Липково, Куманово, Струга, Кичево и руралните општини на Полог, а го загуби историскиот бастион Тетово, но и Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.