Договорена е распределбата на колачот за амбасадорските места кои ќе ги пополни партијата на Али Ахмети, дознава Плусинфо. Претседателот на државата Стево Пендраовски веќе најави дека наскоро ќе бидат пополнети повеќето од 27-те испразнети амбасадорски места. Според информации на Плусинфо, се очекува нов дипломатски кадар да седне во 20 или 21 амбасада.

Како што се дознава периодов имало интензивни разговори помеѓу шефот на дипломатијата Никола Димитров и владините партнери СДСМ и ДУИ за пополнување на испразнетите амбасади. Неофицијално, ова прашање е затворено со ДУИ, односно дека веќе е договорено во кои и колку амбасади ќе седнат дипломати предложени од партијата на Ахмети.

Нема потврда дали предлозите на Ахмети добиле пас и од Пендаровски. Според информациите, се очекува интегративците листата со новите амбасадорски имиња деновиве да му ја достават и на претседателот Пендаровски. Наскоро се очекува да се докомплетира списокот со новите амбасадори предложени од СДСМ, а на амбасадорска фотелја се надеваат и некои од помалите владини партнери.

Од Кабинетот на Пендаровски велат дека се во тек консултациите за листата за идни амбасадори.

Државава во моментов има 57 дипломатско-конзуларни претставништва, од кои 27 се празни.

Повеќе можете да прочитате на овој линк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.