Министерката за образование и наука Мила Царовска, која со официјална делегација е во посета на Турција, соопшти дека, во соработка со со средните училишта во Истанбул, се договорени обука на наставниот кадар како и размена на искуства и практики и поддршка во развој на нови профили за средните стручни училишта во Македонија.
Од МОН соопштија дека на состанокот на министерката Царовска и другите претставници со истанбулскиот директорат за образование под чија надлежност се три милиони ученици и 200 илјади наставници, биле разменети искуства од сферата на образовните политики и разгледани можностите за зајакнување на соработката во делот на основното и средното образование помеѓу двете земји.
За време на посетата Царовска остварила министерски состанок во Анкара, средба со претседателот на Големото Собрание на Турција, состанок во централата на ТИКА, како и посета на Универзитетот Тракија во Едрене и средби со претставници на повеќе директорати за образование.
Во делегацијата на Република Македонија се и заменик министерот Арафат Шабани и државниот советник за образовни политики Ѓонул Бајрактар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.