Да не беше трагично ќе беше смешно. Денеска, кога 40 семејства од Македонија изгубија свои блиски, премиерот Зоран Заев се шета низ Европа… Во време кога тука се бројат жртвите, тој во Берлин прима награда за човекови права. Додека македонското здравство е пред колапс, немоќно да се справи со пандемијата, додека Владата клекнува пред Ковид-19, Заев патува и зема награди, ни повеќе ни помалку, за човекови права. Каде се човековите права на пациентите. Каде се правата на оние кои преку 30 години плаќаат здравственоосигурување,за сега да платат тест за ковид-19 на приватно и да нема болнички кревет занив додека се борат за воздух. Каде се правата на сите оние пациенти кои купуваат витаминска терапија, која верувале или не чини речиси 100 евра? Зборувајте за човекови права…
Додека луѓето се жалат на лошите услови во болниците, додека бројќите на починати покажуваат дека Македонија тешко се справува со Ковид-19, Заев се пофали дека ја ослободил државата од партизација и донел професионализација. Како утеха, нагласи дека парите од наградата ќе ги донира во нашиот државен здравствен солидарен фонд во борба против ковид-19.
„Би лажел ако кажам дека изминатите четири години беа лесни. Не се, најпрво моравме да ја ослободиме држава од стегите на партизацијата и да донесеме професионализација, процес кој е голем, трае и ќе трае се до конечна слобода“, рече Заев.
Додаде дека двата договори со соседите се клучна алатка со кои историјата се користи за градење на иднината, за создавање на нови мостови на соработка.
„Човековите права и правото на самоопределување на секој граѓанин не може да бидат предмет на дипломатски преговори и договори. Тие се потврдени и гарантирани принципи на меѓународното јавно право и придобивките од истото. Затоа непобитен е фактот дека македонскиот јазик и македонскиот народ се реалност“, рече Заев.
Оваа награда ја посвети на сите генерации кои ја градеа и градат државата, и на секој кој дал придонес во формирањето цврсти темели на мирот и слободата.
Претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Курт Бек, кој му ја врачи наградата, потенцира дека голема е честа што наградата му се доделува на премиерот Заев, бидејќи, како што посочи, последните години со големо внимание следеле што направил тој за земјата.
„За ангажманот за заштита за човековите права, за сите важни одлуки кои ги презедовте е потребна храброст. Оваа награда е и благодарност и охрабрување, не само за носителот на наградата и за земјата, туку и општо за сите општества“, рече Бек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.