Додека довчерашниот Министер за земјоделство, Љупчо Николовски и Зоран Заев организираат скапи коктели, 500 вработени во АД Водостопанство веќе два месеци немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување. Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство, истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
500 фамилии се оставени без основни средства за егзистенција веќе 2 месеци. Веќе 2 месеци 500 луѓе не можат да отидат на лекар и да ги користат услугите на здравствениот систем. Вработените кои имаат кредити или други ануитетни давачки 2 месеци едвај врзуваат крај со крај и мислат како да го дочекаат наредниот месец. Почитувани, Воедно прашуваме зошто синдикатот на АД Водостопанство молчи за ваквата ситуација наместо да се бори за работничките права и за вработените на АД Водостопанство.
Ова е крајно нехумано кога знаеме дека од една страна се трошат пари за луксуз и се организираат скапи коктели, а од друга страна вработените од АД Водостопанство немаат плати и придонеси. На сликата позади мене може да го видите довчерашниот министер Николовски и неговиот наследник Димковски како насмеани уживаат во луксузен коктел во Министерството. Поради неспособниот менаџерски тим во АД Водостопанство не страдаат само вработените во претпријатието, туку и земјоделците, на кои не им се пружа адекватна услуга за која што плаќаат према претпријатието, истакна Трипуновски.
АД Водостопанство, иако има обврска да ги чисти и одржува каналите за наводнување, тоа го нема направено во поголем број на региони во Република Македонија. Па така земјоделците наместо да наводнуваат, се соочуваат со суви ниви што директно ќе се одрази врз приносот односно егзистенцијата на земјоделците, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.