Нема никаква реакција од власта откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски јавно ja постави дилемата дали премиерот во заминување навистина го пријавил случајот „Рекет“ и ако тоа го сторил дали постои записник.
Николоски објасни дека ако навистина го пријавил случајот треба да постои пишан документ, односно белешка, за кој тој е убеден дека не постои.
Николоски се осврна и на тоа што премиерот Заев најави тужба за неговите изнесени информации дека случајот „Рекет“ тежи 20 милиони евра и оти и други бизнисмени се изрекетирани, но им е страв да пријават.
Николоски е убеден дека случајот „Рекет“ води диретно до врвот на власта, а доказ за тоа е средбата помеѓу министерот за здравство Венко Филпче и бизнимсменот Орце Камчев во домот на Бојан Јовановски.
Во прилог на тезата на Николоски оди и сведочењето на второобвинетиот во случајот Рекет, а сега и осуден Зоран Милески Кичеец, кој пред Рускоска признава дека владата била на прва лија со Боки 13.
За прв пат во јавноста, името на Венко Филипче како човек кој бил во контакт со рекетарите на неговиот владин шеф, Боки 13 и Катица Јанева, беше споменато на второто рочиште за предметот „Рекет“, на коешто сведок беше повикан Орце Камчев како пријавител на рекетарската шема, пишува Инфомакс.
Според сознанија на порталот, немало само еден состанок помеѓу Боки, Филипче и Камчев туку повеќе. Целта била склучување на јавно-приватно партнерство помеѓу Министерството за здравство и Орце Камчев.
Филипче и Боки 13 го убедувале Камчев да ја купи Градската болница „8 Септември“ и тоа во износ во висина на побараниот рекет. Од бизнисменот се барало да влезе во партнерство со Филипче за околу 10 милиони евра, a од овие одреден процент да биде исплатен во кеш пред склучувањето на ЈПП. „Каса“ би бил Боки до исполнување на договорот, пишува „Инфомакс“.
Покрај со овој случај, министеорот за здравство се поврзува и со аферата „Рекет 2“ во кој што, според досега неофицијални информации, вмешан е и директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.
Во овој случај се работи за вршење притисок врз домашна компанија, злоупотребиле позиции и овластувања за одвраќање на светски здравствен гигант, шведска компанија, да не инвестира во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.