Додека во соседна Србија на дневна основа се вакцинираат по 20.000—30.000 граѓани, кои патем речено можат да изберат дали сакаат да се вакцинираат со американска, руска или кинеска вакцина, бедников брои луѓе со желба да се вакцинираат. Дно, коментира на Фејсбук Александар Пандов.

Вчера од Владата на пладне најавија дека денеска од Србија ќе пристигнат првите 8.000 вакцини, а доцна вечерта соопштија дека поради недостиг на техничка документација, вакцините, сепак, нема да пристигнат во Македонија. Во меѓувреме, беше пуштена веб-страницата на која македонските граѓани можеа само да изразат желба да се вакцинираат. Регистирарањето на сајтот не значи и дека веднаш ќе бидете вакцинирани. Терминот го одредува матичниот лекар, а веќе е направен Национален план за вакцинација. Први на листата се здравствените работници, а потоа следат хронично болните и лица над 70 години.

 

Додека во соседна Србија на дневна основа се вакцинираат по 20.000—30.000 граѓани, кои патем речено можат да изберат…

Posted by Александар Пандов on Thursday, 11 February 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.