Битолската градежна компанија „Пелистер“ доби тендер за ископ на јаглен и јаловина во кругот на РЕК Битола вреден 6,4 милиони евра од страна на АД ЕСМ.

Договорот е склучен на 4 септември, а доставен е до Бирото за јавни набавки и објавен беше вчера, односно на истиот ден кога сопственикот на градежната компанија Силјан Мицевски сведочеше во случајот „Талир“.

Пелистер го добива тендерот за ископ при две понуди, од кои едната од 105 денари и втората од 95,7 денари по килоџул енергија. Времетраењето на договорот е една година.

Претходно, компанијата на популарниот битолски бизнисмен постигна договор за ископување со РЕК Битола во мај минатата година и истиот вредеше 776 милиони денари. Претходниот редовен беше во јули 2018 и вредеше 377 милиони денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.