Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека додека се расправаме кој колку проценти е од населението пола Македонија ни се исели, тука спаѓаат и Македонци и Албанци и Турци и Власи и останати, што е главниот проблем во Македонија, не кој колку проценти е.
Решивме сите дека ова е статистичка операција, ниеден политичар не рече дека ќе ревидира политичкi права. Aко се сложиме сите дека е статистичка операција, треба тука да градиме доверба и ова е вистинскиот начин за да ги добиеме вистинските параметри. Oд друга страна, ако зборуваме за бројките, нема потреба никој да се грижи за процентите, затоа што секој кој внесува страв, како одреден албански медиум кој го прочитав, а е поврзан со слуги на Заев лиферува дека ВМРО-ДПМНЕ вели дека Aлбанците биле под 20% јас би кажал дека во 28-30% од населението од родените деца мајката е Aлбанка, а од 50-60 % мајката е Mакедонка. Tоа е природното движење на населението, па по тоа не е возможно да има поинакви бројки, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека главниот проблем е што се празни Македонија, а тоа значи дека се иселуваат и Македонци и Албанци и Турци и Власи и Бошњаците, па денеска Македонија не е два милиони жители, туку многу помалку помеѓу милион и четиристотини и милион и шесто ќе бидат резултатите како резидентно население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.