Авион од Брисел со македонски државјани, во кој има повеќе луѓе со симптоми на коронавирус, вечерва слета на скопскиот аеродром, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во 19 часот.
Се прави скрининг на сите парници и тие што имаат симптони, ќе бидат однесени на Инфективната клиника за тестирање. Додека не стигнат резултатите, сите други патници ќе чекаат на аеродром, соопшти Филипче.
Но, додека патниците чекаат да влезат во карантин, во тоалетите на аеродромот нема сапун, пренесува новинарот Фуркан Салиу.
✈
Патниците кои пристигнаа вечерва од Брисел идат во карантин
Моментално се блокирани во Скопскиот аеродром и чекаат тестирање
Тоалетите на аеродромот немаат сапун
Патниците потпишуваат изјава со која се обврзуваат да седат 14 дена во карантин pic.twitter.com/omHyhvyFNI— FurKlan (@FurkanSaliu) March 17, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.