Над 6000 починати како последици од Ковид 19. Вакцините доцнеа поради сомнителни набавки. Гореше цела Македонија, додека земјата немаше сервисирани летала кои можат да се справат со огнената стихија. Чекавме утринска роса да го изгаси пожарот на Галичица… Се случија многу работи кои беа за неверување. Имавме 1000 зошто, ниту едно затоа. Нема одговор! Како што нема ни одговорност. Последната несреќа во тетовската модуларна болница, која однесе 14 животи само ја прели чашата. Граѓаните бараат одговорност! Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев откако поминаа покрај мртвите тела, фотографирајќи се и правејќи видеа дека тие се загрижени за граѓаните, избегаа од новинарите. Изјави нема, одговорност нема.

Како светот реагира на вакви незгоди? Што таму прави владата и ресорните министри?

Романскиот премиер Виктор Понта поднесе оставка по пожарот во ноќен клуб во Букурешт кога загинаа 32 лица. Граѓаните со месеци бараа негова оставка за низа скандали. Пожарот ја прели чашата – оставка имаше.

Пожарот во трговскиот центар „Зимска вишна“ во 2018 година кој започна на последниот кат во близина на киното и детската игротека, а потоа се прошири и зафати околу 1.600 квадратни метри од објектот однесе 64 животи. Аман Тулеев, долгогодишниот гувернер на сибирската област Кемерово си поднесе оставка! Тулеев изјави дека поднесувањето на оставката од функцијата гувернер е исправна, совесна и вистинска одлука по несреќата во трговскиот центар во градот Кемерово.

Во 2018 во Грција имаше четири оставки поради пожарите кои однесоа над 90 животи. Оставка си поднесе фенералниот секретар за цивилна заштита на Грција Јанис Капакис, надлежниот министер за цивилна заштита на Грција, беа сменети началниците на противпожарната служба и полицијата.

Неодамна ја видовме и оставката на казахстанскиот министер за одбрана Нурлан Јермекбаев откако во пожар и серија експлозии во магазин за оружје загинаа 15 војници и пожарникари.

„Целата влада поднесе оставка“. Ваквата беше изјавата на министерот Хамад Хасан во обраќање пред новинарите кој истакна дека премиерот на Либан, Хасан Даиб во претседателската палата ќе ја предаде официјалната оставка на владата. Оставката на Владата следуваше откако во голема експлозија во Бејрут загинаа над 160 луѓе.

За последната трагедија во Тетово, кога најмалку 14 пациенти кои се бореа со корона, живи изгореа во пожар во модуларната болница, објективно одговорен јавен функционер е министерот за здравство Венко Филипче. Јавноста тоа го очекува! Не само од Венко Филипче! Но очекува од него да почне! Оставка кај нас е непознат поим! Избришан од секој речник!

И вистина, крив засега нема. Ги нема ниту премиерот, ниту министерот за здравство. Кој ја договори зделката со модуларните болници со Анѓушев? Чија е одговорноста? До кога ќе копаме гробови за цивили, а власта ќе штити нечии дебели задници? Ќе има ли оставки? А мора да има! Време е некој од оваа влада да биде маж! Или пак Груевски е крив?! Или може Црвенковски?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.