Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил пишува дека Заев и Филипче стануваат сигурен тандем за смрт.

Заев и Филипче стануваат сигурен тандем за смрт. Додека Македонија се претвора во касапана, двајцата тераат политикантство.
Денес имаме жален биланс за државава: 53 новозаболени и 5 мртви од корона. И на ваков ден “Заевци” не пропуштија да играат на ниски страсти: Мицкоски вежбал, тестови имало малку повеќе од ич, помошта од Словенија не била за ВМРО, туку за владата… Демек некој отиде да ја земе за себе. И во ваков ден “караванот на смртта” врви, а тој носи дури 5 нови мртви од корона. Нема ништо поважно од животот на луѓето. Тоа е вистинската борба која треба да се води. Се’ друго е политиканство. И овој политички тандем станува сигурен билет за смрт. Жално, но вистинито, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.