Во 2006-2007 година Македонија немаше ниту еден авион за гасење пожар, ниту пак опрема за хеликоптеите за гасење пожар. По огнената стихија во 2009 година, кога Македонија беше целосно зависна од помошта од соседите, а канадери чекаше од Хрватска, тогашната влада одлучи да набави ер трактори, па за кратко од земја која моли за помош Македонија стана земја која пружа помош.
Последниот од трите противпожарни авиони „АТ 802“ што Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија ги купи преку шпанската фирма „Ер трактор“ слета во Скопје во февруари 2010 година. Со тоа се комплетира македонската противпожарна ескадрила, која стана оперативна истото лето.
Седум пилоти учеа во Шпанија како да летаат со новите противпожарни авиони.
Летачките трактори ги управува еден пилот, но поради тешките услови во кои работат, секогаш треба да има резервни пилоти. Покрај пилотите се избрани и координатори, авиоинженери, авиомеханичари и авиодиспечери. Обуката заврши во април 2010 година.
Денес, кога републиката е во пламен, ниту еден ер трактор не е во функција.
Активни пожари има во Старо Нагоричане, Македонски Брод, Кумановско и Валандово, а најкритично е во Кочани, каде што синоќа пожарот зафати и куќи, но авионите за гасење на пожари „ер трактори“ не смеат да полетаат, зашто уште не полетале за сервисирање. Трите „ер трактори“ повеќе од две години не се извадени од хангарите зашто не се сервисирани. Дури и денес да се сервисираат, првиот сервисиран авион ќе може да биде ставен во функција за 40 до 45 дена, односно во октомври кога нема пожари.
Владата на СДСМ исто така наследи и специјални корпи за хеликоптерите за собирање, носење инистурање вода за гасење пожари и тоа за четири хеликоптери на АРМ, нови хеликоптери за АРМ и МВР, 250 противпожарни возила од кои еден дел специјализирани за гасење шумски пожари и соодветни за возење низ шума. Ништо не функционира.
Затоа денес Кочани јачи од болка, затоа Македонија гори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.