Македонскиот народ живее во страв и неизвесност. На свој грб ја чувствува здравствената криза со коронавирусот, но и големата економска криза која ја зафати Македонија. Најголем дел од народот живее во сиромаштија и едвај скрпува крај со крај.

Ама на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и дојде до купување на чоколади. И тоа не било какви чоколади, туку од 15 милиони денари.

Имено, на 03.11.2020 е објавен оглас за јавна набавка:

Предмет на договорот за јавна набавка е: Чоколадо млечно за потребите на Армијата.

Проценета вредност без ДДВ: 12.304.762,00

Набавката со вклучен ДДВ ќе чини 14,8 милиони денари!

Додека луѓе умираат, молат за лечење и тестирање, немаат пари ниту за леб, Шекеринска како приоритет за набавка која ја врши Министерството за одбрана има чоколади од 15 милиони денари!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.