Службените белешки кои ги објави „Курир“ откриваат голем скандал во кој е вмешан лично премиерот Зоран Заев.

Станува збор за случај во кој се случува кршење на закон, рушење на процедура, злоупотреба на службена должност и недозволено влијание.

Имено, КУРИР дојде до службена белешка во која се наведува дека на 14.03.2021 во 01:00 часот, на ГП „Деве Баир“ се пуштени за влез во Македонија пет патнички возила.

Според информациите до кои дојдовме, службениците имаат пријавено дека биле исконтактирани лично од премиерот Зоран Заев дека на тие возила, со патниците меѓу кои имало и деца, треба да им се дозволи влез во нашата држава.

Во редакцијата на КУРИР се познати идентитетите на сите засегнати страни, но на документите кои јавно ги објавуваме личните податоци ќе бидат заматени.

Среде полициски час, ноќта меѓу 13-ти и 14-ти март, Зоран Заев се јавува на граничниот премин „Деве Баир“ и лично дава насока да бидат пропуштени 5 возила, со образложение дека “во возилата како сопатници се наоѓаат мали деца и лице болно од астма“.

Според официјалната белешка, која потоа скандалозно трпи корекции кои ќе ги образложиме, во Македонија се пуштени два возила од марката „Бе-ем-ве“, едно „Ауди“, едно „Волво“ и еден „Мерцедес“.

Во текот на вчерашниот ден, во двата дела од полицискиот билтен овој настан не е објавен. Се отвора основен простор за сомнеж дека настанот надлежните сакаат да го сокријат, а нашите сомнежи се потврдуваат во моментов кога КУРИР доаѓа до службена белешка за ИСТИОТ настан, но со направени корекции. Името на премиерот “исчезнува“ од пријавата.

Менувањето на службена белешка е КРИВИЧНО ДЕЛО! Вработени, очигледно по нов притисок од премиерот кој им дал насоки за работа спорната ноќ, се принудени да направат корекции кои по никој основ не смееле да ги направат. Но, веќе еднаш се изјасниле дека лично од Заев добиваат наредби за работа иако тој не е нивни претпоставен, па сега повторно го доживеале истото.

Кривичното дело се прави за време на принудените измени, а во него се вклучени и тој што побарал да се направи ваква коренција, но и тој кој директно ја направил.

Вработените се навистина должни да ги слушаат своите претпоставени и старешини и да ги исполнуваат насоките дадени од нив. Но, НЕ и во случај кога директно прават кривично дело.

Сепак, скандалозната корекција е направена дури откако КУРИР дојде до овие белешки, а пријавениот билтен официјално испратен уште стои во службените канали на комуникација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.