Семејство со часови чекало Брзата помош да им дојде напомош. Со часови ќерка го гледала својот татко, шеќераш и срцев болесник, како се бори за воздух и како добива панични нападни бидејќи не може да земе здив. Еден од нив му бил последен.

Човек што работел, го давал својот придонес кон државата и целиот свој живот плаќал здравствено осигурување, во моментите кога требало да ја добие заслужената нега, е оставен сам на себе.

Ова е само еден пример за тоа како изгледа и функционира македонското здравство под закрилата на министерот Венко Филипче. Досега вкупно 1.136 лица ја загубија битката со ковид-19. Активните 15.589 случаи, пак, се молат дека тие нема да се запишани во следниот црн биланс.

Социјалните мрежи се преплавени со апели за помош на луѓе кои не му веруваат на здравството на Филипче и помош бараат кај приватните клиники. За тоа кој и како дозволи цената на тоа лекување да е таква каква што е, виновникот пак може да се најде на „Илинденска“.

А, да лекуваше слаткоречивоста на министерот, наместо први по смртност, ќе имавме други епитети.

Вака зборуваше министерот:

Само за потсетување, заедно со неговиот шеф, Филипче прво вети бесплатно болничко лекување за сите граѓани од 1 јануари 2019 година. Во исти мах, ветени беа и оние фамозни 100 илјади денари плата за докторите.

Заклучно 9 ноември 2020, од ова ништо не сме ни помирисале.

Потоа, следуваше и она „бесплатно здравство со влезот во ЕУ“, со кое се собираше поен плус и глас пред пропаднатиот референдум за промена на името.

Ни датум за почеток на преговори немаме, а камоли…

Да не ги заборавиме и ветувањата за нови болници, подобри услови за пациентите, подобри плати за специјализантите, медициснките сестри, техничарите…

Изградбата на најбитниот клинички центар за Истокот се распаѓа во Штип. Оној скопскиот, пак, уште не е ни почнат.

И, ако едно добро донесе пандемијата, е што го запре, барем засега, проектот со кој Филипче сакаше и она здравство што веќе го имаме да го приватизира, пакувајќи го под името „јавно-приватно партнерство“. Ако, пак, ЈПП за него значи заминување на искусниот кадар од државното во приватното, изгледа е успешен.

За „разговорите“ со Боки 13, за паралелното учество во градежниот бизнис, за луксузниот автомобил на сопругата, за „бесплатниот“ хеликоптер… Ќе се пишува повторно и за ова. Не е дека нешто на подобро Филипче ќе смени.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.