Во петокот портпаролот на Владата Душко Арсовски тврдеше дека в понеделник ќе бидат објавени сите 58 тајни хонорарци. Додека чекаме тоа да се случи, да се потсетиме кој е новинарот Петрит Сарачини, чиишто текстови можат да се читаат на провладините портали Фронтлајн и Цивил медиа, а самиот објави дека е еден од 58-те хонорарци на Владата.

Сарачини до 2018 година беше посебен советник на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, но и по смената на Алаѓозовски, новинарот и медиумски работник/експерт повторно беше ангажиран да работи за Владата.

Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани за извршување професионални задачи за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ. Жарко Трајаноски е ангажиран за истражувања и анализи, а Петрит Сарачини за медиумски мониторинг, во согласност со нивните професионални компетенции. Нивните ангажмани се регулирани со договор на дело, изјави за медиумите во 2018 година тогашниот портпарол на Владата Миле Бошњаковски.

Колку пари добивал Сарачини, кој важи за близок на главниот советник за медиуми на премиерот Заев, Марјан Забрчанец, за своите медиумски анализи и други услуги кон владата, не се открива.

За Сарачини пред три месеци беше објавено дека бил цел на закани и говор на омраза откако на групи на Фејсбук споделувал текстови на порталот Цивил медиа.

 


Извор Експрес


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.