Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вечерва од граѓанската трибина во Сопје им даде насока и директива на сите општински организации, на сите нивни градоначалници, министри и директори да ги решаваат и да одговорат на секој проблем и на секоја поплака на граѓаните.
-Вечерва давам јасна насока и директива до сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – „game changе“. Излегоа проблемите на виделина, фрчат пораки со проблемите на луѓето . Тргнуваме со нов систем каде мора и секој граѓанин ќе добие одговор, прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а потоа и упатување од секоја институција која ќе се втурне во решавање на сите проблеми. Систем другари. Правила и процедура. Секој кој пријавил проблем, одговор за секој, без разлика кој е. Систем на услуги, им вети Заев на граѓаните.
-Јас знам дека вие не сакате да се врати режим. Но, некој во вашиот лиќен живот ве повредил, некој ве потценил, некој ви ја затворил вратата неправедно, некој не ви кревал ни телефон за да ја слушне вашата мака. Ви благодарам на сите вас што причините ги споделивте со мене. Ако јас кревам телефон, покрај сите мои обврски како премиер,ќе крева телефон и Петре и Дуле и сите. И секој од највисоко до најниско раководно ниво. Ќе ве слуша и ќе ви помага, затоа што за тоа е поставен, за државата и за граѓаните, рече Заев.
Тој порача дека ова ВМРО-ДПМНЕ е исто со режимот и дека штетата ќе биде голема за сите и порача дека не е можно да заборавиле напартиски заробената држава, на одземената слобода, на лустрираните неистомисленици, на затворените фирми и казните од илјадници евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.