Правдајќи ги своите постапки и предавства околу бугарското прашање, премиерот Зоран Заев порача дека колабористи со фашистите имало и во Македонија, па не треба тој назив ексклузивно да им припаѓа само на Бугарите.
Дочекавме историчарот да ни го шлепне и ова:
Ете, сега ние Македонците сме биле фашисти и сме потпишале пакт со Хитлер и сме ги депортирале Евреите во концлогорите во Треблинка, а не Бугарите.
Ај па ако не да им се извиниме на ,,администраторите”… pic.twitter.com/m1vreXX5lq— Маче| 🇲🇰 (@Vlatko100janosk) September 23, 2021
Во делот на европеизацијата на земјава и нашата европска перспектива наше е дали ќе даваме етнички карактеристики на фашистичкиот окупатор. Ние зборуваме за политичкиот дел на одлучување кое се однесува на провокативност и неевропски манири, a други се областите на историската комисија. Во европските земји фашизмот нема етничка боја, нема национална боја. Фашистичкиот окупатор има поставеност во делови на структури, групи, или би го нарекол, одредени лидерства во целиот овој период. Ние имавме соработници на фашизмот и овде во Македонија целиот тој период. Не може да кажете дека цела една нација била фашистичка. Не можете да кажете и за нас дека сме биле сите со партизаните, бидејќи имало и некои кои биле соработници на фашистичкиот окупатр во Втората светска војна“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање.
На прашањето што ќе учат децата, од кого била окупирана Македонија и кој бил фашистички окупатор, Заев кажа дека граѓаните апсолутно ќе знаат кој бил на страна на фашизмот, но повтори дека не треба да се дава етнички предзнак и етничка придавка пред фашистичкиот окупатор.
„Фашистичкиот окупатор е Третот Рајх и пактот создаден од Германија, Италија и Јапонија, на кој се придружија земји меѓу кои и Бугарија. И тука нема дилема дека тој фашистички окупатор ја има окупирано земјава. Но, не можете да ги осудите и децата на тогашните генерации и сите од таа генерација дека биле фашисти“, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.