Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска се сретна со амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Баумгартнер.

Како што соопштија од Судот, Кацарска го запознала амбасадорот со уставната улога на Уставниот суд, неговите надлежности, предизвиците и проблемите со кои се соочува, но и визијата за натамошно унапредување на неговото функционирање преку целосно остварување на буџетска и административна самостојност, идната реформа на уставната заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, начините за остварување поголема отвореност кон јавноста на Судот и тековниот процес на кадровско екипирање на Стручната служба.

На средбата било искажано обострано задоволство од неодамнешниот прием на Уставниот суд на Македонија во Асоцијацијата на франкофонски уставни судови, но и за досегашната соработка со Уставниот совет на Франција, која секако ќе се развива во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.