Судијката од Кривичниот суд Добрила Кацарска е предложена за Уставен судија, дознава „Сител“. Сите 12 членови на Судскиот совет едногласно го поддржале предлогот таа да биде Уставен судија. Сега предлогот ќе биде препратен до Собрание каде пратениците треба да ја изберат на функцијата.
Кацарска е судија 30 години. Покрај од кривичната, судела и предмети од граѓанската област. Од предметите на СЈО и од оние од висок јавен интерес на редовното ОЈО за организиран криминал, позната е по судењата „Тенк” , „Триста”, „Транспортер”, „Поткуп”, „Организиран напад на Собранието на 27 април 2017 година”. Последниве две судења беа со 30-тина обвинети, но таа одамна ги заврши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.