Македонија е на списокот на безбедни земји за слободно патување, стои во најновата одлука на Европската унија (ЕУ), пренесена од европските медиуми.

Владите на ЕУ постигнаа договор за додавање на Албанија, Хонг Конг, Либан, Србија, САД, Саудиска Арабија и Тајван на списокот на земји за безбедно.

Од овие земји, како и од Македонија, ќе бидат дозволени туристички патувања во земјите на Унијата.

Некои земји на ЕУ сè уште имаат право да побараат негативен „PCR“ тест или престој во карантин, сè додека трае пандемијата на коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.