Коалицијата беше неизбежна меѓу ДУИ и СДСМ, како што е неизбежно Македонецот и Албанецот како ситни души и преваранти да бидат жртви на својата слика и прилика. Вака активистот Ивор Мицковски го коментира денешниот договор за формирање на влада меѓу Али Ахмети и Зоран Заев.

ДУИ не си доби Албанец за премиер како што ветуваше Али, Македонците и Албанците не си добија Влада без ДУИ како што им беше ветувано од Заев.
Добивме тоа што они и странците сакаат, и тоа веројатно е и најдоброто за оваа недоквакана раја.
Да, жалосно, но и без сомнежи, ние стварно го добиваме секогаш најдоброто од нашата мизерија, коментира Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.