Сум доаѓала повеќе пати од Нова година на работа, два пати неделно, еднаш неделно, три пати неделно – изјави поранешната членка на ДИК, чија плата била 61.000 денари.

Со оглед на приближувањето на локалните избори, на социјалните мрежи одново е актуелно интервју старо 3 години, во кој главна актерка е поранешната членка на ДИК од партијата БЕСА, Ермира Асани Салија.

Таа стана позната во јавноста во 2018 година, кога целиот состав на ДИК си поднесе оставки откако јавноста дозна дека си делеле дебели бонуси на платите, но Ермира одлучи да не го следи тој чекор, па беше единствен член на Државната изборна комисија.

Таа земала плата во висина од 61.000 денари, а како што вели во интервјуто, на работа одела еднаш неделно, два пати, три пати неделно…, а причината според неа е тоа што немало кој да свика седница.

Фамозното интервју со Асани Салија, од тогашниот серијал „Проверено“ на „ИРЛ“, може да го проследите на линкот во продолжение, почнувајќи од 13-та минута.

Најскандалозниот дел од интервјуто може да го погледнете во следниот исечок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.