Македонските државјани кои имаат потреба од услугите на Генералниот конзулат во Милано да се обратат во Венеција, упатува МНР.

Постапката за префрлување на Генералниот конзулат на Република Македонија од Венеција во Милано е ве тек, но до конечно завршување на сите процедури, останува да функционира Генералниот конзулат на Република Македонија во Венеција. Исто така, државјаните на Република Македонија во Италијанската Република, за било какви конзуларни или други потреби, може да побараат информации и да стапат во контакт со Амбасадата на Република Македонија во Рим и во ГК во Венеција. 

Globass sos  телефон (+ 39 339 780 43 86) во Амбасадата на Република Македонија во Рим  и телефонот (+393348008772) во ГК Венеција се достапни на секое време и може да се контактира за било кое прашање, информираат од МНР.

Откако македонски државјани во Италија реагираа дека имаат потешкотии во користењето на услугите на Конзулатот во Милано поради смртта на конзулот Франчесто Пилато, од МНР за „Република“ појаснуваат дека покојниот Франческо Пилато ја извршувал функцијата почесен конзул во Милано и како и секој почесен конзул на Република Македонија немал надлежности за давање на конзуларни услуги.

Конзуларните услуги се даваат исклучително од страна на Дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија.
Нагласуваме дека Почесен Конзулат на Република Македонија во странство секаде и секогаш функционира со цел промоција на Република Македонија и продлабочување на билатералната соработка меѓу нашата земја и земјата на акредитацијата. Поради појавените бројни шпекулативни информации во јавноста, сакаме да нагласиме дека Република Македонија нема никакви финансиски импликации во однос на функционирањето на Почесниот конзул. Почесниот конзул се избира од редовите на угледните граѓани на земјата на приемот, кој исклучиво на свој трошок и во свои простории ја промовира Република Македонија, нејзините општини, природни убавини, културно наследство и создава потенцијали за секаков вид на соработка, се наведува во соопштението од МНР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.