Во зависност од околностите на аеродромот во Кабул, до крајот на неделава се очекува со организирани летови да пристигнат најголем дел од 450 граѓани од Авганистан, информира на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.
Тој нагласи дека станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и мировните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка за НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската Армија.
Портпаролот Хоџа напомена дека не постои ризик од мигрантска криза, ниту пак, како што потенцира, оваа хуманитарна операција треба да се поврзува со Прифатниот центар за странци или мигрантските кампови на северната и јужната граница од нашата држава, туку е дел од голема светска хуманитарна акција.
Хоџа наведе дека трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјата во целост ќе бидат покриени од меѓународните организации и од САД, се до нивното заминување во САД или во трети земји како нивна крајна дестинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.