До крајот на неделата ќе се знае кога починала велешанката кај која посмртно беше откриено дека има Ковид-19.
Анализите практично ќе го дадат и одговорот што ја вознемири јавноста, а тоа е дали коронавирусот бил присутен во земјава многу порано пред официјално дијагностицираниот прв случај на 26 февруари.
Иницијално идејата за таква форма на анализа потекна од позитивниот брис на починатата во Велес. Потоа може да се знае точното време на смртта. Многу фактори влијаат на степенот на распаднатоста на телото, температурата и слично. А тоа можеби ќе ни укаже на некој информација која што ќе оди и во насока на одговор од кога точно е пристен коронавирусот во земјава, рече Филипче.
Тој појасни дека тест за коронавирус и бил направен на починатата жена затоа што не била јасна причината за смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.