Министерот за здравство Венко Филипче утрово ги пречека првите дози од вакцината АстраЗенека, односно 24.000 дози, а до крајот на април најави дека во земјава ќе пристигнат уште 76.000 дози.

Имавме добри вести вчера и од Европската Унија. Во месец април треба да пристагнат и други вакцини од Кина. Сите пријавени од ризичните групи, според приоритетите, ќе бидат повикувани.
Тоа што сега го знаеме е дека во месец април, и преку Ковакс системот, треба да пристигнат дополнителни 76.000 дози повторно од производителот АстраЗенека, истакна министерот Филипче.

На прашање каде е произведена вакцината, тој рече дека е корејска и дека ќе се чува во фрижидерите во здравствените домови.

Ова е вакцина што се чува на температура од 2 до 8 степени, што значи буквално во секој град може да се чува и да се дистрбуира понатаму, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.