УНЕСКО не може бескрајно да ни дава шанси за да се зачува охридскиот регион како природно културно светско наследство, смета научната фела. Во сторија на „Сител“ тие предупредуваат дека доколку не се исполнат условите градот ќе се најде на листата на загрозени подрачја. Дивите градби покрај брегот, неконтролираната урбанизација со која се губи автентичниот лик и загадувањето на Охридското Езеро се едни од црните точки за кои државата треба да превземе сериозни мерки.
Од граѓанската иницијатива Охрид СОС се децидни дека одржливиот развој треба да биде приоритет за еден вака значаен регион кој треба да се стреми за развој на елитниот туризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.