На вечерашното издание на 24 Анализа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, истакна дека опозиционата партија ппкрај говорењето јавно против Зоран Заев има поднесено стотици кривични пријави, како и поднесоци кон ДКСК кои завршиле во фиока затоа што биле инволвирани лица од власта кои Заев ги поставил.
-Има и други начини на реагирање, како поднесувањето од наша страна на кривични пријави, стотици претставки кон Антикорупциската комисија, но системот не функционира, до сега имаме поднесено 100-тина кривични пријави до Јавното обвинителство, но стигнува кривичната пријава кај Вилма Русковска која е на некој начин вознемирена од ВМРО-ДПМНЕ, и има гнев кон нас, ја гледа кривичната пријава, му се јавува на Јовески, во разговорот се вклучува Зоран Заев па на него му кажуваат дека сме поднеле пријава против него или против друг функционер, па завршуваат истите во фиока, критикуваше Арсовски.
Арсовски праша до каде се кривичните пријави за време на претходните избори за рекордно гласање по Гинис, каде е случајот за проневера на над 10 милиони евра од Фондот за иновации од 2018 година ?
Поминаа две години, но таму се засегнати поставени функционери на Зоран Заев, па се заштитени и никој не ги гони, но кога се работи за измислен случај против Мицкоски тогаш гледаме како експресно институциите делуваат, критикуваше Арсовски на 24 Анализа вечерва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.