Што стана со сомнежите кои јавно ги искажа премиерот Зоран Заев дека двајца министри од неговата влада се вплеткани во корупција. Вечерва на ова прашање потсети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ дебатата на Канал 5 телевизија.
-Вие пред година дена рековте дека имате сомневања за корупција за двајца министри во владата, констатираше Мицкоски.
Мицкоски вели дека тој лично е првиот кој што подржува борба против криминалот и високата корупцијата, но премиерот Зоран Заев истакнал дека владата е извор на највисок криминал и корупција.
-Јас лично после оваа изјава на премиерот сум загрижен затоа што светот имате други типови на здружувања на тие луѓе кои што решиле да прават криминал.
Тој истакна дека еден куп на меѓународни партнери на Македонија ќе се налутат после ваква изјава дека сите влади во светот биле криминални.
Мицкоски изјави дека Законот за јавното обвинителство доколку се имаше јасна намера за да се гони криминалот ќе беше предложен во рок, и за истото ќе се разговараше во собранието, работа на владата е да ги гони криминалците и да го решава криминалот, а не да ги штити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.