Синдикатот на полицијата во Македонија со отворено писмо до нивните членови, вработените во Министерството за внатрешни работи, но и јавноста, ја откриваат, како што велат, вистината за колективниот договор во МВР.

Ви го пренесуваме во целост:

Почитувани наши членови, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи…

Како што неодамна ветивме денес ќе кажеме збор два за „модерниот“ европски колективен договор што во месец јули оваа година беше потпишан од страна на министерот Оливер Спасовски и неговиот партнер, поранешниот доцент Марјан Кицев, претседателот на „единствениот“ самонаречен и самопрогласен МПС. Денес ќе потврдиме дека оваа „дрим тим“ двојка навистина можат подобро и повеќе да и наштетат на Македонската полиција. По не знаеме кој пат ќе потсетиме дека Полицијата никогаш како досега не била толку понижувана како што е сега со овој срамен Колективен договор. Со овој колективен договор се врши крајно неморално и неетичко уништување, назадување на правата на работниците во МВР, преточен во нешто што е само налик на Колективен договор.

Она што ние како Синдикат можеме да го кажеме е тоа дека сè од претходно најавеното од страна на овие два ликови е ЛАГА или во најмала рака МАНИПУЛАЦИЈА, ДЕКА СЕ ЗАДРЖАНИ СИТЕ ПРАВА ОД ПРЕТХОДНИОТ КД.

Но, да почнеме по ред. ВИСТИНАТА ЗА КОЛЕКТИВНИОТ КОГОВОР…

– Во член 127 став 4… Предвидена е комисија за одмор и рекреација на Министерството за внатрешни работи составена од 5 члена. Каква е таа комисија на МВР кога претседателот на комисијата и два члена се преставници на МПС? Кој го има мнозинството во комисијата? МВР институција ли е (уствари знаеме во што се претвори овие години) ….?

– До 2025 година сите одредби за безбедност и здравје при работа СЕ СУСПЕНДИРАНИ И НЕМА ДА СЕ ВО СИЛА. Тоа значи дека во МВР ќе нема да бидат воведени заштитни мерки за работниците, нема да има набавка на опрема и заштитни средства за работа, нема да има проценка за ризик на секое работно место, преставник на работниците за безбедност и здравје при работа, обука на работниците, здравствени (периодични) прегледи на работниците, упатувања на лекарски преглед пред здравствена комисија, психолошко советување на вработените……со еден збор работниците ќе бидат оставени на милост сами на себе… Да, само господ да ги чува…

– Новина во новиот колективен и Е ЗА ПОФАЛБА тоа што согласно членот 150 сега и Кабинетите на Министерот, зам.министерот и директорот на БЈБ ИМААТ ПРАВО НА БЕСПЛАТНА ИСХРАНА!

– Следно, најавата на исплата на надоместок за домашно дежурство за работниците од неуниформираниот дел кои не работат во смени. Она што никој до сега не се пофали е тоа што за сметка на домашно дежурство ќе се исклучат додатокот за ноќна и прекувремена работа, викенд, празник и слично кои се исплаќаа досега за смените кај наведените вработени.

– Имено, допрена е и една од најболните точки за работникот во МВР – исплатата на додаток за прекувремена работа. Она што е премолчено е секогаш расипаното, оштетеното, трулото. Овојпат „единствениот“ МПС не ги извести вработените дека сега – по ново со овој Колективен договор ќе се исплаќаат само 32 прекувремени часови, што и беше пракса до сега, НО, се што ќе се оствари како прекувремена работа над 32 часа во месецот, работникот ќе смее да користи ИСКЛУЧИВО СЛОБОДНИ ДЕНОВИ!!! Она што досега работниците во МВР го остваруваа со тужби заради тоа што не им беа исплаќани прекувремени часови над 32, сега им е одземено!!! ОВА ЗА МПС Е УНАПРЕДЕНО ПРАВО?? Но она што МПС не се пофали е тоа што во новиот “ЕВРОПСКИ” колективен договор НЕ ПРЕДВИДЕ на кој начин и дали задолжително работникот ќе ги искористи како слободни денови, па со тоа се остава простор на раководителот по своја слободна оценка СЛОБОДНИТЕ ДЕНОВИ кои следуваат ДА “МОЖЕ” ДА НЕ ГИ ДАДЕ!

– Во член 184 став 2 се пофаливте дека во одредбите каде предвидувате храна за ноќна смена ќе ги исплаќате доколку ноќните смени односно часови се ЕДНА ТРЕТИНА од полното работно време во годината. Колку вработени во МВР ќе го имаат ова право или уште сега веќе е јасно дека целта Ви беше однапред ова право да не успее а никако и да биде исплатено?

– Во член 202 додадовте награда од 150 евра на работниците – ментори а дали знаете однапред колку полициски службеници немаат поминато обука за ментор а „глумат“ ментори. Што со оваа категорија на работници? И дали има МВР доволен број обучени ментори? Ќе ве боли допрва глава, правото важи за неколку дена…

– За вашите синдикални “екскурзии” во државата и странство Вие „единствени“ од МПС до сега ви следуваа неколку дена платено отсуство, а сега СИ ГО УНАПРЕДИВТЕ И ТОА ПРАВО во времетраење на настанот? Сега ќе можете ОПРАВДАНО да трошите буџетски пари и за 10, 15, 20 и повеќе дена без одговорност? И сето тоа се дрзнавте да го прикриете зад УЧЕСТВО НА НАШИТЕ СПОРТИСТИ НА МЕЃУНАРОДНИ МАНИФЕСТАЦИИ? Одлична можност доценте (поранешен) за платен одмор!!!

– ЗОШТО ДОДАТОКОТ ЗА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, К-15 , НЕ ГО ДОГОВОРИВТЕ КАКО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, СО ИСПЛАТА ЕДНАШ ГОДИШНО, СО РОК ДО КРАЈОТ НА ТЕКОВНАТА ГОДИНА?

– Судејќи по овој Ваш “унапреден” КД, и во иднина нема да можеме да се надеваме на било какво подобрување на катастрофата во која се наоѓаме веќе со години. Но затоа пак на дисциплинските постапки веќе им го одзедовте правото на одбрана на колегите, за синдикален претставник по нивни избор. Или ќе се одбраните со тоа дека можат да не повикаат, а нема да кажете дека освен МПС, исказот, писмен или усмен, на претставник од другите синдикати , нема да влезе во записник и нема да се земе во предвид?! И ОВА Е ЗА ВАС УНАПРЕДЕНО ПРАВО?

-На кратко и за вашите аспирации, претседателе, поранешен доценте Кицев. Она што досега беше Синдикат како поим, во согласност со Устав, закон и конвенција, ГО ИЗБРИШАВТЕ и ГО ПРИСВОИВТЕ и сега под синдикат во МВР според Вас се подразбира исклучиво МПС.

– Барем да кажевте збор два за партиските формирани комисии за распоредувања и унапредувања каде членуваш и ТИ доценте со твои преставници. Барем да гугнеше еднаш и да објаснеше за да дознаеме дали овие изминати години дали воопшто и се состануваат комисиите, како и каде на кој начин носат одлуки, дали се сочинуваат записници. Ќе се одважиш ли да објасниш зошто даде „амин“ во еден месец да бидат изготвени над 2.500 решенија?

Има уште многу…….за тоа друга прилика…

` Да, после ова очекуваме напад, тоа е во ред. Но, не заборавај да им објасниш на колегите доколку твоите УДАРНИ вести за добивање на еднократен додаток од 100 евра за новородено дете и еднократен надоместок за менторство, јубилејна плата за 10 години работа во МВР дали и воопшто некогаш ќе се исплаќаат и тоа е прашање кое лично не веруваме како Синдикат. Додадовте уште еден, трет, слободен ден за крводарители. ОДЛИЧНО!!! Но не кажавте дека со тоа додадовте уште еден ден повеќе за да не може да се исполни правото на бонус плата.

Да со твојот партнер во заминување Спасовски се испофаливте дека направивте НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР, па дури и европски но времето ќе покаже и веќе докажува дека тој е еден од најлошите колективни договори кој досега го потпишал некој, договор кој целосно паѓа на штета на работникот и работничките права а паралелно договор кој го умртвивте синдикалното движење во Министерството.

Единствено можеби ќе се присеќаваме на тебе поранешен доценту кое звањето си го стекнал на незаконски начин, единствено како во овој период не се срамиш да стоиш точно позади министерот Спасовски додека тој се фали дека „фарба“ објекти, стотици и стотици средби каде тебе не ти е местото а ќе бидеш запаметен дека немаш сторено буквално ништо за стотици ИЗМИСЛЕНИ ДИСЦИПЛИНСКИ, илјадници незаконски распоредувања, толку издадени писмени наредби кои траат со месеци и години…. Но знаеме дека Тебе и парнерот Спасовски не ви е сеедно. Ве запревме нели….

На крајот нашиот заклучок е дека ваков претседател на Синдикат – привезок би посакал секој Министер. Затоа таа љубот помеѓу Вас е толку голема.

Почитувани вработени во Министерстовот за внатрешни работи. Пред да донесете било каква одлука дали сме или не сме во право, внимателно аналирајте се што напишавме и опишавме. Потоа донесете Ваша одлука.

Да бидете живи и здрави, во новата 2022 година да се избориме за подобри права и услови во Полицијата. СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА И СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.