Во општините Дебар и Центар Жупа, кои се дел од петтата изборна единица, до 19:00 часот на вонредните парламентарни избори своето право на глас го искористиле 8.400 од вкупно запишаните 25.825 граѓани.
Во општина Дебар, каде во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас до 19:00 часот ова право го оствариле 6.995 или 38 отсто. И понатаму изборниот процес минува без проблеми, вели Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија.
И во општна Центар Жупа изборниот ден изминува во најдобар ред.
Во единствениот избирачки список кај нас запишани се 7.061 граѓанин со право на глас. До 19:00 часот правото го искористиле 1.405 граѓани или 19,9 отсто , вели Еран Зубер, претседател на ОИК за Центар Жупа.
Во изминатите два дена во Дебар правото на глас го искорстија 15 лица во самозолација или болни од Ковид-19 и 28 болни и немоќни лица, додека во општина Центар Жупа четири болни и немоќни лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.