ДИК излезе со официјални бројки за излезеноста на денешните вонредни локални избори во Штип и во Пласница.

До 15 часот во Штип на гласање излегле 23,04%, или 9.620 гласачи, од вкупно запишаните 41,777, колку што имаат право на глас.

Во Пласница од запишани 4.954 избирачи, гласале 1.658 до 15 часот, или во проценти изразено 33,47%.

Во Штип и во Пласница се одржуваат вонредни локални избори, поради тоа што поранешните градоначалници поднесоа оставки поради превземање на други функции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.