До 10 часот, 9,4 проценти од регистрираните гласачи кои се регистрирани во избирачкиот список го оствариле своето право на глас на 36 избирачки места во Делчево.

-Гласањето почна навреме и се одвива без проблеми. На територијата на општина Делчево на 36 избирачки места заклучно со 10 часот гласале 1481 од 14.673 гласачи, истакна претседателот на ОИК Делчево, Владимир Петровски.

На вчерашното гласање додаде Петровски, од 192 пријавени болни и изнемоштени лица гласале 180 лица, додека 12 не биле пронајдени во сопствените домови.

Во Македонска Каменица до 10 часот во рамки на денешниот изборен ден од 6.619 евидентирани гласачи своето право на глас го оствариле 8,4



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.