Собранието на Република Македонија го усвои барањето на Синдикатот на полицијата во Македонија надоместокот за службено патување наместо досегашните 700 денари да изнесува 2.000 денари и дневницата која до сега беше 350 денари по Нова година ќе се исплаќа во износ од 1.000 денари.

На предлог на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а по барање на македонските полициски синдикати се усвои исклучително битен амандман. Со овој амандман на Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, лицата вработени во Министерство за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција ќе добијат изедначување на дневницата за службено патување. Досега дел од вработените во овие институции, кои се опфатени со Колективен договор земаа до 200% поголеми дневници од останатите колеги. Ваквата нерамноправна положба е минато, соопшти во петокот пратеникот Александар Велјановски.

Од Синдикатот велат дека се благодарни што се сфатени во борбата за подобри услови и права во Полицијата, но исто така гневни што наместо Министерството за внатрешни работи, Собранието е тоа што почна да се грижи за подобрување на правата на вработените.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.