Предметот „ТНТ“ на СЈО е далеку од застарување, како што се обидуваат да прикажат некои медиуми наклоенти кон власта. Оваа лажна вест се пласира единствено за да се изврши дополнителен притисок врз судот.
Овој предмет застарува во 2031 година, односно за 12 години од сега, па нејасно е зошто судечкиот судија Огнен Ставрев го брза токму овој предмет, за разлика од, на пример „Монструм“ за убиството на момчињата кај Смилковското Езеро.
Само во ноември за „ТНТ“ се закажани 6 рочишта, а за „Монструм“ само 2 иако родителите бараат процесот да се забрза.
Од оваа перспектива, причината е јасна. Фијат Цаноски побарува отштета од 50 милиони евра и таа во моментов е поважна од вистината за убиството на децата на Велики петок.
Дали душевната блка на Цаноски, кој за неа бара 6 милиони евра, е поскапа ос вистината за убиството на децата кај смилковското Езеро?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.