Дискотека (кафулето) Аватар Струмица над законите, не престанува со работа. Втор ден 4 септември нова забава и нови главоболки со корона. Затоа што Заеви и Радиша Бојовиќ Заев седи позади ова.
Децата на Вице и Зоран Заеви ” главни ” во Аватар , како одговор на прашањето зошто Аватар не е затворен.
Клубот „Аватар“, кој беше затворен во јули на еден месец, се пререгистрирал во Централниот регистар како кафе бар, а по објави на социјални мрежи дека таму се одржуваат забави, инспектори на Пазарниот инспекторат извршиле контрола минатиот петок, но не констатирале неправилности.
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за МИА потврди дека „Аватар“ кон крајот на минатиот месец објектот бил пререгистриран во кафе бар.
Испративме екипа минатиот петок таму за да провериме. Инспекторите направиле записник и констатирале дека се почитуваат протоколите, односно имале се што е потребно за кафе бар. Инспекторите беа таму до 01:10 часот, а објектот бил затворен во 01:00 часот по полноќ до кога е дозволено да работи. Наредната вечер наши екипи беа во контрола во други градови за каде имавме сознанија дека ќе има забави. Но, добивме информација дека во Струмица има проблеми и се обративме на полицијата да интервенира. Кога стигнале нашите инспектори полицијата веќе напишала кривична пријава. Доколку понатаму констатираме неправилности ќе реагираме и ќе пратиме информација до Владата за да преземеме и поригорозни мерки – изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Од менаџментот на „Аватар“ велат дека работат како кафе бар и ги почитуваат законските прописи и протоколи.
Работиме според закон и ги почитуваме протоколите – тврадат од „Аватар“.
Полицијата му поднесе кривична пријава на „Аватар“ и на 18 јули, кога објектот беше затворен од пазарната инспекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.