Пратеничката Фросина Ременски на Фејсбук напиша:

Ничие право не смее да загрози право на друг. Тоа се границите на сите слободи и права на граѓаните напиша пратеничката Фросина Ременски на Фејсбук во врска со нејзиното иинвлвирање во „Рекет“ и побара извинување од Инфомаакс и Република, во спротивно најави дека ќе се приклучи кон тужбите кои веќе ги најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шќеринска.

Медиумите како придобива на демократијата имаат и право и обврска да известуваат за сите прашања од јавен интерес и за случаи на криминал и корупција, почитувајќи ги начелата на новинарската етика кои вклучуваат објективно известување, проверка на веродостојноста на информациите и забрана за злоупотреба на средствата за јавно информирање за лажно обвинување за корупција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.